ИЗВЕСТУВАЊЕ од одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување на 01.12.2020 год.
Во просториите на Општина Куманово се одржа педесет и петти состанок на Општински штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот пристуствуваа претставници на Општински штаб, претставници од институции, организации, јавни претпријатија. На состанокот беа донесени следните препораки:
- Општински штаб за заштита и спасување препорачува на Банките и други правни субјекти коишто вршат шалтерски исплати и наплати на средства да воведат дополнителни редарски служби кои ќе го контролираат и регулираат движењето на нивните клиенти во периодот на чекање пред деловните објекти со цел да се почитуваат мерките и препораките за заштита од COVID -19 со почитување на дистанца на клиентите;
- Известување до граѓаните на Општина Куманово дека ЈП„Чистота и зеленило“ ќе врши аеросолизација на јавно прометните површини во централното градско подрачје кога временските услови ќе бидат поволни, односно кога температурата ќе над -5 степени Целзиусови;
- Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Влада на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од 2м, носење на заштитни маски и да нема групирање на отворено, како и во затворени простории.
Општински штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и навремено ќе реагира.