Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ oд одржан педесет и осми  состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 22.12.2020 година (вторник)

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот претставниците од институциите дадоа информации за работата во време на COVID состојбата и беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • ОШЗС апелира на сите граѓани во Општина Куманово, особено на нашите сограѓани кои доаѓаат надвор од границите на земјата,  да ги почитуваат новите мерки и препораки за  заштита и превенција од ковид – 19, донесени од страна на Влада на РСМ  и тоа:
  • Секој граѓанин мора да носи лична заштитна опрема на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори каде се собираат повеќе лица.
  • Забрана за собирања во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден, цела седмица (со дефинирани исклучоци).

 

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст