Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан педесет и деветти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 05.01.2021 година (вторник)

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) и во врска со зголемените врнежи на дожд. На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Со оглед на прелевањето на речните корита на реките Крива Река во делот на Јачинце и Довезенце и река Пчиња во делот на с.Пчиња, ОШЗС излезе со заклучок во форма на препорака до АД „Водостопанство Кумановско Липковско поле“ веднаш нивните екипи да излезат на терен со расположливата механизација и да дејствуваат во насока на надминување на состојбата во интерес на граѓаните;
  • ОШЗС формира Комисија која веднаш доби задача да излезе на терен и направи увид во состојбата и за истото да го информира Штабот;
  • ОШЗС препорачува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од COVID 19 донесени од страна на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст