77-годишнина од битката во село Пелинце
Денеска во село Пелинце се одбележаа 77 години од познатата битка и загинувањето на Ангел Лазаревски-Шајче и Трифун Ангеловски-Летеќи. Традиционално настанот е организиран од страна на Општинскиот одбор на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 година и граѓаните продолжувачи-Куманово. Пред споменикот од Народноослободителната борба свежо цвеќе положи и делегација од општина Куманово, предводена од Секретарот на општината Александар Гелевски.