Отворена историската постојана поставка во Куќа-музеј на Христијан Тодоровски-Карпош
Во рамките на одбележувањето на 77-годишнината од загинувањето на легендарниот кумановски командант и Народен херој Христијан Тодоровски-Карпош,денеска во локалитетот Куќа-музеј на Х.Т.Карпош беше отворена историската постојана поставка.Поставката е обновена преку националниот проект за поддршка на културата-Град на културата за 2019 година и 500 години Куманово, со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Градоначалникот и Советот на општина Куманово.Настанот е во организација на Општински одбор на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи-Куманово. Пред присутните се обрати и ја отвори историската постојана поставка Секретарот на општина Куманово, Александар Гелевски.