Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан шеесет и трети состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 11.02.2021 година (четврток)

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска во просториите на општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) и во врска со зголемените врнежи на дожд. На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Се препорачува на надлежните институции ЈП„Водовод“, ЈП„Чистота и зеленило“, ЦУК, ДЗС согласно најавената хидрометеоролошка состојба, како и циклонот кој го зафати нашиот регион, да излезат на терен и да направат увид на состојбите на реките и речните корита, како и критичните точки и можности на излевање на р.Пчиња, поконкретно Меморијалниот центар АСНОМ, истите ги дефинираат и во делот на превземање на превентивни мерки во координација со АД “Водостопанство Кумановско Липковско поле” да дејствуваат на терен со можност за надминување на евентуални проблеми. АД “Водостопанство Кумановско Липковско поле” во рамки на своите надлежности доколку утврди состојба која може да доведе до загрозување, навремено да превземе мерки за надминување на истата. Доколку има потреба од дополнително ангажирање на соодветна механизација да побара од ОШЗС помош и поддршка
  • Се препорачува на општина Куманово да обезбеди средства за дезинфекција и заштитни маски и ракавици;
  • Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од 2м, носење на заштитни маски и да нема групирање на отворено, како и во затворени простории.

 

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст