Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Донација од шеснаесет лап топ компјутери за општина Куманово

Општина Куманово денеска доби донација од шеснаесет лап топ компјутери од Асоцијацијата за демократски развој на Ромите “Сонце”-Тетово. Донацијата, која ќе биде наменета за поддршка на учениците од основните училишта од социјално ранливи семејства, ја прими Градоначалникот на општината Димитриевски. Истата е обезбедена во рамките на проектот “Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот- Никој да не биде изоставен-”, во партнерство со Здружение на општини Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија-ЗЕЛС. Проектот е имплементиран од НАЛАС-Мрежа на асоцијации на локални власти од ЈИЕ и ЗЕЛС, во соработка со GIZ, а во име на германското федерално Министерство за економска соработка и развој.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст