Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Прва официјална посета на Амбасадорот на Јапонија, Н.Е.Хиронори Савада

Денеска во просториите на општина Куманово Градоначалникот на општината Димитриевски се сретна со Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Хиронори Савада и директорот на Општа болница Куманово, д-р Снежана Захариева. Целта на средбата беше потпишување на грант договорот со Општа болница Куманово во врска со донацијата од GGP-програмата за помош за човекова безбедност на Јапонската амбасада во Република Северна Македонија. Овој проект овозможува обезбедување на нов дигитален дијагностички ултразвучен систем со високо квалитетна медицинска нега.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст