Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

И з в е с т у в а њ е

Се известуваат сите пријавени кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори, согласно Јавниот повик за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори, објавен од страна на Државен завод за статистика на Република Северна Македонија, за спроведување на пописот во Република Северна Македонија за 2021 година, дека тестирањето ќе биде спроведено  на ден 11.03.2021 година, четврток во период од  09.00  до 16.00  часот, во просториите на ОСТУ Наце Буѓони во Куманово.

Тестирањето ќе биде спроведено во 5 групи, од по 12 кандидати во секоја група, почнувајќи во 09:00 часот.

Списоците за тестирање  каде се наведени имињата и презимињата на кандидатите, точно време на тестирање и број на училница каде ќе се спроведе тестирањето, се истакнати на Огласна табла  во ОСТУ Наце Буѓони во Куманово, а воедно може да се видат и во прилог на оваа Известување.

Кандидатите на денот на тестирањето со себе да имаат документ за идентификација и пенкало за пишување.

Согласно протоколите за спречување на ширење на КОВИД-19 , кандидатите задолжително со себе да носта заштитна маска КН95.

 

                                                                         Александар Гелевски,

                            Претседател на  Комисија за пописен реон 49 Куманово

Термини за тестирања можете да ги видите тука:

1.Термин 09:00 часот

2. Термин 10:45 часот

3.Термин 12:30 часот

4.Термин 14:15 часот

5.Термин 16:00 часот

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст