Одржана дебата за претстојниот повик за граѓански организации од општина Куманово
Во кружната сала на зградата на поранешните општествено-политички организации Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР организираше отворена дебата за претстојниот повик за граѓански организации од општина Куманово, на која присуствуваа претставници од здруженија на граѓани и одопштина Куманово. Средствата за повикот ќе бидат наменети за проекти на здруженија и фондации од општина Куманово, во рамките на стратегиските развојни документи на општина Куманово до 2021 година, соодветни на приоритетните области и цели. Приоритетни области за финансирањесе: заштита на животната средина, заштита на човекови права, социјална кохезија и намалување на сиромаштијата, туризам и култура, младински иницијатици, активности и мерки за справување со COVID 19