Благодарност до Градоначалникот Димитриевски од кумановските спортски легенди
По иницијатива на старите спортски легенди од сите спортски дисциплини од нашиот град, денеска пред спортскиот објект Соколана на Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски му беше подарена кошаркарска топка со потписи на спортистите. На настанот присуствуваше и директорот на Агенцијата за млади и спорт на РСМ Наумче Мојсовски, на кого Градоначалникот Димитриевски му подари ракометна топка со потписи на кумановските спортисти и фотографија од изградениот објект Соколана пред деведесет години. На овој начин спортистите се заблагодарија за целокупниот ангажман и активности околу реконструкцијата на Соколана. Благодарност за оваа иницијатива упатија и Градоначалникот Максим Димитриевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт на РСМ Наумче Мојсовски.