Дневен ред на педесет и четвртата седница на Советот на општина Куманово
На 01.04.2021 година (четврток), во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи педесет и четвртата седница на Советот на општина Куманово, по следниов
Дневен ред
- Усвојување на записникот од Педесет и третата седница на Советот на Општина Куманово
- Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Октомври – Декември 2020 година;
- Годишна сметка и Извештај за работа на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Декември 2020 година;
- Годишен извештај за настани и манифестации на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово за 2020 година;
- Буџетски календар;
- Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Бајрам Шабани“, дел од УБ 57, плански опфат меѓу ул. „Бајрам Шабани“, ул. „Франц Розман“, ул. „Драгојло Диндиќ“ и ул. „Киро Антевски“ – Општина Куманово;
- Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Бајрам Шабани“и дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 57 и УБ 60, плански опфат меѓу пешачка улица, ул. „Младен Стојановиќ“, крак на ул. „Доктор Рибар“ и ул. „Доктор Рибар“ – Општина Куманово;
Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Бедиње“, дел од УБ 85, плански опфат меѓу ул. „Трајко Јовановски“, ул. „Новопланирана 2“, ул. „Новопланирана 1“ и ул. „Новопланирана 5“ – Општина Куманово.