ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани, Ве известуваме дека општина Куманово во рамките на своите планови за развој на економијата и стопанството на територијата на нашата општина и Североисточниот плански регион е во напредна фаза на инвестиција на нова индустриска развојна зона Новини и Речица, која се наоѓа на локација северно од градот, кон границата со Република Србија, на автопатот Е 75, Белград-Атина. Индустриската зона се простира на површина од 65 хектари градежно земјиште, со намена Г 2 (лесна и незагадувачка индустрија) и намена Б (големи трговски единици-шопинг молови и хотели). Денеска,09.04.2021 година (петок), со почеток во 11.00 часот општина Куманово ќе одржи on–line презентација, на која ќе ги претстави можностите за инвестирање, начин и постапка за стекнување со имот за инвестиција во новата индустриска зона. Доколку сакате да земете учество на презентацијата во интерес на транспарентно презентирање на можностите за инвестиции во оваа индустриска зона, ова е линкот за вклучување на презентацијата:
Join Zoom Meeting
https://us02web.zoom.us/j/81351198384?pwd=VEdMd0RTL1pEZjdaNFNSSFcwb0kydz09
Meeting ID: 813 5119 8384
Passcode: 972124