Клубот на советнички со еколошка активност
Претседателот на Советот на општина Куманово и членките на Клубот на советнички, во кој се застапени припаднички насите политички партии при Советот на општината,во соработка со ЈП “Чистота и зеленило”-Куманово, на локација кај Спортската сала посадија садници. Целта е да се разбуди свеста кај нашите сограѓани за зачувување на здрава животна средина. Ова е само една од активностите, кои планирааат да ги реализираат во иднина.