Одбележани 118 години од смртта на Гоце Делчев и 41 година од смртта на Јосип Броз Тито
СОУ Гимназија “Гоце Делчев”-Куманово денеска одбележа 118 години од смртта на македонскиот револуционер и предводник на македонското национално ослободително движење, Гоце Делчев. Делегација од општина Куманово, предводена од Градоначалникот
Димитриевски, Советот на општината и Здруженија на граѓани, положија свежо цвеќе пред бистата на Гоце Делчев.
Градоначалникот со претставници на општинската администрација, делегација од Советот на општината, членови на Здружението на армиски и полициски ветерани и армиски воени старешини, како и други здруженија и граѓани, положија свежо цвеќе пред спомен плочата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, во
знак на почит и одбележување на 41 година од неговата смрт.