Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Куманово дел од проектот „Знаење, заштита и вреднување на старите јадра“

Општина Куманово како членка на Асоцијацијата на градови со културно наследство од РСМ, заедно со градовите членки на асоцијацијата од Албанија и Асоцијацијата Места и градови со исклучителни вредности во Франција/ Sites & Cités ,а под покровителство на Моинистерството за надворешни работи на Република Франција учествува во Проектот „Знаење, заштита и вреднување на старите јадра“. Овој двегодишен проект (2020-2021) има зацртано три цели: знаење, заштита и вреднување на културното наследство, што, пак, упатува на трансверзална работа за спојување на алатки за урбанизам на културнто наследство со сензибилизација на населението и на одлучувачите како и вреднување на места од интерес. Во проектот учествува работна група составена од вработени во Секторот за урбанизам заедно со претставник парнер од НКЦ (Националниот Конзерваторски Центар) Скопје.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст