Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Саем за вработување и кариера

Во рамките  на проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите”,Општина Куманово во соработка со Хабитат Македонија и Дром, организира Саемот за вработување и кариера.

Во фокус на овој Саем ќе биде:

  • развиениот модел за стручно усовршување во градежниот сектор;
  • националните политики кои се имплементираат за вклучување на невработените лица на пазарот на трудот во Куманово.

 

Саемот за вработување и кариера ќе биде организиран во два дела, за време на првиот дел ќе се организира панел дискусија со претставници од Агенцијата за вработување, Ромскиот информативен центар и Општината Куманово додека вториот дел ќе биде интерактивен со преставување на локални фирми и компании и катче за кариерен развој за сите заинтересирани посетители.

Саемот за вработување и кариера ќе овозможи отворена дебата преку која различните чинители кои имаат влијание во процесите на донесување на одлуки на локално и национално ниво да ги потенцираат пречките и можностите за вклучување на пазарот на трудот на невработените лица. Дополнително, ќе им се овозможи на приватните фирми да дојдат во контакт со кандидати обучени за профили од нивен интерес, а кандидатите да се престават пред локалните работодавачи.

Саемот ќе се одржи на 13.12.2017 година (среда)  од 12:00 до 14:30 часот во во Центар за Културата „Трајко Прокопиев“, во Куманово.

Фирмите кои се заинтересирани да бидат дел од овој саем, своето учество треба да го пријавата на  на e-mail: [email protected] , најдоцна до 10.12.2017 година.

 

Како дел од овој Саем ќе им биде обезбеден посебен простор (штанд) каде ќе може да се претстават пред посетителите.

Фирмите кои ќе учествуваат  ќе имаат директен контакт со кандидати обучени за профили од соодветен интерес од Куманово и околината, промоција, видливост и маркетинг и можност  да се вмрежат и поврзат со локални јавни институции и приватни компании.

 

 

 

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст