Општина Куманово потпиша Меморандум за соработка со Здружение за мултикултура “Заеднички визии”-Скопје
Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска потпиша Меморандум за соработка со Здружението за мултикултура “Заеднички визии”-Скопје. Целта е да се развие, унапреди и зајакне соработката помеѓу двете страни преку заедничко делување во промовирањето на мултикултурата, културата на живеење, како и еднаквоста во општеството на локално и на регионално ниво, залагајќи се за развој на средина, која ќе го поддржува намалувањето на јазови, кои се јавуваат на различни нивоа и тоа преку креирање, имплементација и промоција на проекти за негување на културните и традиционалните вредности.