Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Рехабилитација на општинските основни училишта “Вук Караџиќ” и “Христијан Карпош”

Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска одржа работна средба со претставници од Министерството за образование и наука. Целта на средбата е потпишување на Договор за рехабилитација на општинските основни училишта “Вук Караџиќ” и “Христијан Карпош”, помеѓу МОН и споменатите училишта. Во рамките на проектот “145 спортски сали” во ООУ “Вук Караџиќ” ќе се работи на замена на столарија, реконструкција на санитарии и пристапна рампа за лица со попреченост. Додека во ООУ “Христијан Карпош” ќе се изврши реконструкција на кров, санитарии и подови, замена на внатрешна и надворешна столарија.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст