Свечено отворање на реконструираното спортско игралиште во Соколана
Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска беше домаќин на свеченото отворање на реконструираното спортско игралиште во комплексот Соколана, на кое присуствуваа Премиерот на РСМ, Зоран Заев, директорот на АМС, Наумче Мојсоски.Беше пуштено во употреба игралиштето во Соколана, како прва фаза од трите предвидени во проектот за реконструкција на овој грандиозен објект, каде се одржуваа единствените и неповторливи спортски турнири, како центар на внимание на спортската јавност во поранешна Југославија и културно-забавниот живот преку незаборавните матинеа и игранки. Беа доделени признанија на најистакнатите спортисти од Куманово и членовите на семејствата, кои добар дел од животот го поминале во Соколана и дале свој придонес за развој на спортскиот живот. Димитриевски потенцираше дека ќе продолжи изградбата на спортските капацитети и развивањето на спортот во нашиот град, со цел што повеќе терени и спортски објекти,каде што ќе се одржуваат натпревари и ќе се слават победи.