Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Доделени потврди за учество на образовни асистенти на проектот “Креирање можности за работа за сите”

Општина Куманово во соработка со Центар зарурален развој Бујрум од Куманово  и  Програмата за развој на Обединети нации (УНДП), ја спроведе  програмата Општинско корисна работа, во рамките на проектот Креирање можности за работа за сите”.Програмата е  финасирана од Швајцарска агенција за равој и соработка во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и Агенција за вработување на Република Северна Македонија. Во проектот беше  предвиденоангажирање на 20 лица, кои ќе работат како образовни асистенти, по 20 часа неделно за период од 6 месеци. Со проектот беа опфатени четири општински основни училишта и тоа:Христијан Карпош, 11 Октомври, Браќа Миладиновци и Крсте Мисирков.Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска им додели потврди за учество и успешно реализирана работа на 20-те ангажирани лица.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст