СООПШТЕНИЕ
Врз основа на член 1 став 3 од Одлуката на Советот на општина Куманово за спроведување на мерката за субвенционирање на трошоци за јавен градски и меѓуградски превоз за 2021 година, бр.09-4656/19 од 21.06.2021 година (“Службен гласник на општина Куманово”, бр.9/2021) и Одлуката за измена на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за јавен градски и меѓуградски превоз за 2021 година, бр.09-5364/4 од 09.07.2021 година (“Службен гласник на општина Куманово”, бр.10/2021), како и член 50 став 1 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл. Весник на РМ”, бр.5/02), ги известуваме сите граѓани-пензионери на територијата на општина Куманово, кои се членови на Здружението на пензионери-Куманово дека Општината во соработка со Здружението ќе издаваат бесплатен билет за пензионери, кои примаат пензија до 11.000 денари. Мерката ќе можат да ја користат во деновите вторник и четврток, во наредните три месеци. За да можат да ги остварат своите права за користење на оваа мерка, заинтересираните граѓани треба да се информираат и да поднесат Барање до Здружението на пензионери-Куманово, кое ќе го менаџира процесот.