Проект “Насмевка за постарите” во Дом за стари лица “Зафир Сајто”
Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска беше во
посета на Дом за стари лица “Зафир Сајто”-Куманово, каде што се
спроведува проектот “Насмевка за постарите”, во соработка помеѓу
општина Куманово и Домот, а преку Фондација за култура и спорт-
Куманово. Тројца кумановски уметници-графичари во наредните 3-4 дена
ќе цртаат графити на површина од 100 м2. Целта е разубавување на
катчето, во кое пензионерите секојдневно функционираат, како
продолжување на ваков вид активности, кои започна да ги спроведува
општина Куманово, за да повеќето делови од градов добијат нов и
модерен лик, разубавувајќи го нашето секојдневно опкружување.