ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан осумдесет и петти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 05.08.2021 година (четврток)
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со моменталната состојба и справување со пожари на територија на општина Куманово, како и мерки и активности кои ќе бидат превземени за заштита и спасувње при евентуална појава на пожари. На состанокот беа поканети и претставниците од институциите кои може да помогнат со материјално технички и чевечки ресурси за справување со пожаирте, и беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки: Општинскиот штаб за заштита и спасување дава препорака да се почитуваат мерки и препораки од Влада на Република Северна Македонија, поточно, да се почитува забрана за движење во шумите и шумските појаси, како и забрана за палење на стрништа како превентивна Од страна на штабот, ги информираме граѓаните дека на територија на општина Куманово, има еден пожар на потег од с. Јачинце, с. Довезенце и с.Бељаковце, како и саниран пожар во мирување во с. Мургаш, и дека сите расположливи екипи за гасење на пожари, се упатени на наведените локации. Исто така, дополнителните расположливи тимови на ТППЕ Куманово, асистираат на соседните општини во регионот на Старо Нагоричане.