Градоначалникот Димитриевски на средба со учесниците на Меѓународниот фолклорен фестивал Куманово
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска во Занаетчискиот дом имаше средба со членовите на фолклорните ансамбли, кои учествуваат на овогодинешниот, 2-ри Меѓународен фолклорен фестивалКуманово, кој се одржува под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Куманово и Министерство за култура на РСМ, а во организација на МКЦ Козјак, во соработка со Фондација за култура и спорт Куманово. Покрај домаќините на фестивалот-КУД “Панче Пешев”, Куманово, присуствуваа и гостите:Уметнички центар “Талија”-Белград, Р.Србија,ФА ЈУ “Захумље”- Никшиќ, Р.Црна Гора, Вараждинскиот фолклорен ансамбл-Р.Хрватска и ФА “Славеј”- Софија, Р.Бугарија.