Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Свечено отворање на 2-от Меѓународен фолклорен фестивал Куманово

Вечерва пред НУЦК“Трајко Прокопиев”-Куманово свечено беше отворен 2-от Меѓународен фолклорен фестивал Куманово. Оваа културна манифестација се одржуваво организација на МКЦ Козјак,во соработка со Фондација за култура и спорт Куманово, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Куманово и Министерството за култура на Република Северна Македонија. На овогодинешното издание ќе се одржат три фестивалски вечери со настап на фолклорни ансамблиод:Србија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија и Република Северна Македонија.По дефилето низ улиците на Куманово, на првата фестивалска вечер, настапија:уметнички центар “Талија”- Белград, Србија, Вараждински фолклорен ансамбл-Хрватска, ФА ЈУ “Захумље”- Никшиќ, Црна Гора,ФА “Славеј”- Софија, Бугарија, ансамблите“Битола” и “Бојмија”- Гевгелија, КУД “Панче Пешев”- Куманово.Меѓународниот фолклорен фестивал го отвори претседателката на Советот на општина Куманово, Атина Мургашанска.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст