Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Честитка на градоначалникот Димитриевски за 11 Октомври

Почитувани сограѓани,

Ви го честитам овогодинешниот јубилеј 80 години од Денот на народното востание и Ден на борецот-11 Октомври, кој е остварување на македонскиот идеал за слобода и симбол на непокор на македонскиот народ. На 11 октомври 1941 година застанавме на страната на антифашизмот, со што нашиот народ го докажа правото на изградба на самостојна, суверена и слободна држава. Патот до посакуваната победа преку Народноослободителната борба ни обезбеди место на страната на човечноста.

Денес им оддаваме почит на борците за слобода, чија пожртвуваност и решителност ни подари достоен живот и зачувување на трајните вредности на нашата сакана држава. Тие не задолжија да ја чуваме и негуваме сувереноста и независноста на Македонија, борејќи се за посјајна иднина. Да продолжиме да се бориме за рамноправност и еднаквост, чувајќи го најскапоценото нешто-слободата. Да не дозволиме никому да ни ги разниша темелите на историските традиции, кои се создаваа со векови.

Нека е честит и вековит денешниот празник, кој за нас претставува патоказ во сочувувањето на слободата, сувереноста и независноста на
нашата држава!

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст