Шаховски рапид турнир
Денеска се одржа уште еден спортски турнир во рамките на празничната програма за одбележување на Денот на ослободување на нашиот град, организиран од Општински сојуз на спортови и Шаховски клуб Куманово, со поддршка од Општина Куманово. Во просториите на клубот се одржа рапид турнир во шах и тоа во две категории:младински рапид турнир, на кој учествуваа лица до 18-годишна возраст и блиц турнир-“Open Куманово”, за лица над 18 години. Учесниците беа од РСМ, Србија и Косово. Најдобрите заслужено добија пехари и медали од организаторите.