Дневен ред на втората седница на Совет на Општина Куманово
На 06 декември 2021 година (понеделник), во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи втората седница на Советот на Општина Куманово, по следниот
Дневен ред
1. Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2021 година;
2. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ – Куманово од 01.07.2021 – 30.09.2021 година;
3. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јули – Септември 2021 година;
4. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.07.2021 – 30.09.2021 година;
5. Предлог – Одлука за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово;
6. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2021 година;
7. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2021 година;
8. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.07.2021 – 30.09.2021 година;
9. Програма за измена и дополнување на Програмата за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2021 година;
10. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за III квартал од 2021 година;
11. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2021 година;
12. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Куманово за 2021 година;
13. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2021 година;
14. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Центар за развој на Третиот-Североисточен плански регион, број 09-9230/5 од 24.10.2007 година;
15. Предлог – Одлука за именување на членови на Управен одбор на Заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад “ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК” Свети Николе;
16. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари (интерактивни табли, помошно-технички помагала и опрема за спортски сали) – сопственост на Општина Куманово на 17 општински основни училишта;
17. Предлог – Одлука за разрешување и именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово;
18. Предлог – Решение за разрешување на член на Управниот одбор на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
19. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за локален економски развој на Советот на Општина Куманово;
20. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за урбанизам на Советот на Општина Куманово;
21. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за заштита на животната средина и природата на Советот на Општина Куманово;
22. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за образование, култура и спорт на Советот на Општина Куманово;
23. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за социјална, детска и здравствена заштита на Советот на Општина Куманово;
24. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за статут и прописи на Советот на Општина Куманово;
25. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за месна самоуправа на Советот на Општина Куманово;
26. Предлог – Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија на Советот на Општина Куманово;
27. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените на Советот на Општина Куманово;
28. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарна заштита на Советот на Општина Куманово.