СЕЕБРИГ одржа обука на тема “Менаџмент со ризици”
Командата на СЕЕБРИГ одржа дводневна обука за вработените од СЕЕБРИГ и за
претставници од Општина Куманово во Занаетчиски дом. Изведувач на обуката беше
инструктор од приватната компанија за консултантски услуги “Hatec SA”-Р Грција на
тема “Менаџмент со ризици”. Беа доделени
сертификати на учесниците на обуката. На настанот присуствуваше претседателката на
Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.