“Active citizens in Europe”- проект од програмата “Еразмус +”
Секретарот на Општина Куманово и претседателката на Советот на Општината денеска се сретнаа со професори-претставници од Турција, Романија и Данска, кои заедно со СОУ Гимназија “Гоце Делчев”-Куманово активно работат на проектот “Active citizens in Europe” од програмата “Еразмус +”. Дел од проектот се и професори од Италија, кои поради КОВИД протоколите во нивната земја не беа во можност да присуствуваат. На средбата се разговараше за активностите, искуствата и очекувањата од овој значаен проект.