Потпишан Договор-Вовед во работа за започнување на реконструкција на СОУ “Перо Наков”
Во СОУ “Перо Наков”-Куманово денеска се одржа средба помеѓу
претставници од училиштето, Министерство за образование и наука и
Сектор за образование при Општина Куманово. Целта на средбата беше
потпишување на Договор-Вовед во работа за започнување на
реконструкција на ова општинско средно училиште, согласно проектот
“Реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта”.
Оваа проектна активност вклучува: реконструкција на енергетска фасада,
тоалети за ученици со посебни потреби и дел од надворешна и внатрешна
столарија.