Креативниот потенцијал на учениците и наставниците донесе новогодишна магија во Куманово
Во пресрет на Новогодишните празници, по иницијатива на
претседателката и Комисијата за образование, спорт и култура при
Советот на Општина Куманово, заедно со наставниците по ликовно
образование и учениците од општинските основни и средни училишта,
беше украсен градскиот плоштад. Од денеска го красат рачно изработени
новогодишни украси од рециклиран материјал-пластика и стиропор.
Целта беше да се поттикне креативноста кај учениците и младите лица,
кои оставија свои пораки на новогодишната елка, упатени до
градоначалникот и Советот на Општина Куманово.