Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Оглас за доставување на понуди заради санирање на штета направена од природна непогода – одрон на карпа врз објект.

Заради настаната природна непогода – одрон на карпа и оштетување на објект, Општина Куманово бара правно лице,кое е во можност да изврши санирање, поточно расчистување на одронот од карпа и обрушеното, да изврши увид на лице место (ул.„Ѓорче Петров“ бр.308), да изработи предмер и пресметка за сé што е потребно, за да се изврши на безбеден начин санирањето и истата да ја достави во архива на Општина Куманово во рок од 3 (три) дена .

За детали за точна локација, може да се обратите на телефон 078365061.

Се надеваме на брза реакција од сите правни субјекти, пред сé, заради хуманост кон оштетеното семејство.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст