Известување
Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека од 01.01.2022 година поради истек на важноста на дозволи на превозниците за општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово, ќе престане да се одвива јавниот превоз се до завршување на постапката објавена со оглас за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општината, бр.08-9194/2 од 14.12.2021 година, објавен од страна на градоначалникот на Општина Куманово.