Дневен ред на четвртата седница на Совет на Општина Куманово
На 20 јануари 2022 година (четврток), во големата сала на зградата на поранешните општествено
– политички организации, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи четвртата седница на Советот на
Општина Куманово по следниот
Дневен ред
1. Извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Куманово за
2021 година;
2. Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Куманово за 2022 година;
3. Програма за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2022 година;
4. Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за
изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово;
5. Стратегија за делување на Локалниот економско-социјален совет на Општина Куманово за
периодот 2022 – 2026 година;
6. Предлог – Решенија за именување на членови на Управен одбор на:
ЈП „Водовод“ Куманово
ЈП „Пазаришта“ Куманово
ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово
ЈП „Куманово – гас“ Куманово
ЈП „Куманово – паркинг“ Куманово
ЈП „Куманово – план“ Куманово
7. Предлог – Решенија за именување на членови на Надзорен одбор за контрола на
материјално-финансиско работење на:
ЈП „Водовод“ Куманово
ЈП „Пазаришта“ Куманово
ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово
ЈП „Куманово – гас“ Куманово
ЈП „Куманово – паркинг“ Куманово
ЈП „Куманово – план“ Куманово
8. Предлог – Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈОУД Детска
градинка „Ангел Шајче” – Куманово;
9. Предлог – Решение за именување на членови на Органот за надзор во ЈОУД Детска
градинка „Ангел Шајче” – Куманово;
10. Предлог – Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈОУ Библиотека
„Тане Георгиевски” – Куманово;
11. Предлог – Решение за именување на членови на Одборот за контрола на материјално-
финансиско работење на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски” – Куманово;
12. Предлог – Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈОУ Дом за стари
лица „Зафир Сајто” – Куманово;
13. Предлог – Решение за именување на членови на Органот за надзор на ЈОУ Дом за стари
лица „Зафир Сајто” – Куманово;
14. Предлог – Решение за именување на претставници од Општина Куманово за членови на
Управниот одбор на Јавната установа – Општински ученички дом „Професор Мијалковиќ” –
Куманово.