Димитриевски потпиша Меморандум за соработка со Здружението за општествен развој и демократија НВО “Пулсот на демократијата”- Куманово
Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски денеска потпиша
Меморандум за соработка со претставници на Здружението за општествен
развој и демократија НВО “Пулсот на демократијата”-Куманово. Согласно
со тоа дека цивилното општество е важен фактор, кој придонесува за
креирање на јавното мислење, кое ќе доведе до подобрување на
општествените вредности и националната кохезија, целта на овој
Меморандум е афирмирање на демократијата и остварување на
основните човекови права и слободи, преку поттикнување на мерки и
вредности, кои ќе придонесат за севкупен напредок во државата.