Високи претставници од Р Српска, Босна и Херцеговина и Р Србија во посета на Општина Куманово
Денеска во официјална посета на Општина Куманово беа високи претставници од Р Српска, Босна и Херцеговина и Р Србија.
Во просториите на Општината градоначалникот Максим Димитриевски оствари средба со претседателката на Р Српска-Босна и Херцеговина Жељка Цвијановиќ, амбасадорот на Босна и Херцеговина во РСМ Драган Јаќимовиќ, почесен конзул на Р Србија во РСМ Владимир Стајиќ.
На средбата присуствуваа и пратеници во Собранието на РСМ и членови на Советот на Општина Куманово, кои се припадници на српската етничка заедница.
Градоначалникот Димитриевски ја истакна долгогодишната традиција на пријателски односи и успешната соработка со повеќе општини од овие држави на културно ниво, потенцирајќи го продлабочувањето на соработката и на економски план.
Беше истакнато и меѓусебното почитување на потребите на сите заедници преку примерот на Куманово како мултиетнички град, во кој успешно се унапредуваат меѓучовечките односи, поврзувајќи ги граѓаните во сите општествени области.