Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

„ЕУ СО ТЕБЕ“ во Општина Куманово

Денеска амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската Унија го означи почетокот на општинските посети во 2022 година со посетата на Општина Куманово. Градоначалникот Димитриевски го пречека амбасадорот Гир, кој беше придружуван од Штефен Худолин, раководител на Сектор за соработка во делегацијата на ЕУ.
На официјалната средба присуствуваа и секретарот на Општината Гелевски, претседателката на Советот Ѓорѓиевска и раководителот на Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово, Крстевски. На средбата се разговараше за значајни прашања од повеќе општествени области: заштита на животната средина преку преземање на соодветни мерки против аерозагадувањето, функционирање на регионалната депонија, континуирана соработка со младите, кои се иднина на секое општество.
Заедно го посетија и мултифункционалниот центар- хотел “Солун“, каде им се придружија младите европски амбасадори од Куманово, Албрие Џемаили и Дамјан Златановски. Процесот на трансформација на хотел “Солун” е реализиран со финансиска поддршка од ЕУ, како дел од прекуграничната соработка помеѓу Општините Куманово и Дупница, со цел да се сочува автентичноста на културното наследство на Куманово.

Изјава на градоначалникот Максим Димитриевски

Изјава на амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската Унија

Фото галерија

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст