Амбасадорот на Руската федерација во РСМ Сергеј Александрович Баздникин во посета на Општина Куманово
Денеска во посета на Општина Куманово беше амбасадорот на Руската федерација во РСМ Сергеј Александрович Баздникин, придружуван од Владимир Хрисанфов, советник за економски и трговски прашања во амбасадата. Градоначалникот Димитриевски, заедно со претседателката и член на Советот на Општината одржаа работна средба со делегацијата, а присуствуваа и професори по руски јазик и директори на општински основни и средни училишта, каде што професорите предаваат.На средбата се разговараше за продолжување на досегашната плодна соработка помеѓу двете страни, потенцирајќи го примерот на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“-Куманово и Гимназијата No.13 Невски реон од Санкт Петербург, како и отворање на нови можности во повеќе општествени области.