Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Претседателката на Совет на Општината на средба со членови на оркестрот при СОУ Гимназија “Гоце Делчев”

Денеска претседателката на Советот на Општина Куманово и раководителот на Сектор за образование при Општината одржаа работна средба со професорот Филип Петровски и членовите на оркестрот при СОУ Гимназија “Гоце Делчев”-Куманово. На средбата се дискутираше за претстојните музички манифестации во градот, а членовите на овој оркестар имаа можност да ги презентираат своите идеи и искуството, стекнато од досегашните девет настапи. Како новина и уметничка свежина во нашиот град, беше истакнат нивниот незапирлив ентузијазам, благодарение на префинетиот класичен звук. На денешната работна средба беше најавена и организација од нивна страна на одбележувањето на Св.Трифун.

Фото-галерија

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст