Свечена академија по повод 78 години од загинувањето на Христијан Тодоровски Карпош
По повод 7 февруари, ден на кој се одбележуваат 78 години од загинувањето на Христијан Тодоровски Карпош, вечерва во Занаетчиски дом се одржа Свечена академија, организирана од Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав-Куманово. На денешното традиционално чествување беше оддадена почит на истакнатиот партизан, организаторна Народноослободителната антифашистичка војска инароден херој на Македонија-Карпош. На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски и претседателката на Советот на Општината Ѓорѓиевска. Во своето обраќање Димитриевски истакна дека треба да се почитуваат и традиционално одбележуваат светлите датуми намакедонската историја, дека наша обврска е да не ги заборавиме хероите, кои храбро ги положија своитеживоти за слободата на македонскиот народ.
Христијан Тодоровски Карпош е еден од осумте народнихерои од Кумановско, кои не ги жалеа своите младиживоти во текот на Народноослободителната војна, чија единствена мисла беше да им ја донесат долгопосакуваната слобода и слободно функционирањена своите граѓани.