Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Im in – Учиме од чудесната природа” и “Културно и природно наследство во Македонија и Шпанија”-проекти од “Еразмус +” програмата

Денеска секретарот на Општина Куманово и претседателката на Совет на Општината имаа средба со професори и ученици од Франција и Шпанија, чија посета е по повод активности во рамките на Еразмус + програмата, кои ги спроведуваат со две општински основни училишта. ООУ Кочо Рацин-Куманово е домаќин на гостите од Франција, со кои реализираат активности на проектот Im in Учиме од чудесната природа, на тема запознавање со екосистемот на шумите. Додека ООУ Крсте Мисирков-Куманово со претставниците на партнерско училиште од Валенсија, Шпанија работат на активности во рамки на проектот Културно и природно наследство во Македонија и Шпанија, преку учење на англиски јазик, култура и спорт во училиштето и посета на локалните знаменитости.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст