Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Регионална средба за промовирање на Упатството за организирање заеднички часови

Врз основа на Акцискиот план на Националната стратегија за едно општество и интеркултурализам, Бирото за развој на образование и Центарот за стручно образование и обука, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во соработка со МОНКомисија за меѓуетничка интеграција во образование и Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО), го донесоа Упатството за организирање заеднички часови, кое денеска беше промовирано во Куманово.Целта на Упатството е обезбедување интеракција меѓу учениците од различни етнички заедници и наставни јазици во основно и средно образование и зајакнување на заеднички наставни активности во училиштата. Беше потенцирана улогата на Општината во организирање на часовите и нивна организација и спроведување на ниво научилиштата. Присуствуваа претставници од општински основни и средни училишта и Сектор за образование при Општина Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст