Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Прием на учесниците на 3-тиот Меѓународен фолклорен фестивал

Денеска во Занаетчиски дом се одржа прием на претставниците на Фолклорните ансамбли, кои учествуваат на 3-тиот Меѓународен фолклорен фестивал Куманово 2022: КУД„Панче Пешев“-Куманово,  АКУД„Иво Лола Рибар“-Србија, Ансамблите „Варна“-Бугарија и „Словианки“-Полска, Фолклорен ансамбл„Алијанса“-Мексико. Гостите, пред секретарот на Општина Куманово и претседателката на Совет на Општината, ја претставија својата држава, потенцирајќи ја културната традиција и обичаи, при што разменија пригодни подароци. Традиционално секоја година учесниците го полеваат дрвцето на градскиот плоштад, засадено на првиот Меѓународен фолклорен фестивал.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст