Ања Спасовска од СОУ-Гимназија “Гоце Делчев” освои бронзен медал на Меѓународен натпревар по хемија
На Меѓународен натпревар по хемија ICHО-2022, кој се одржа во Кина, ученичката Ања Спасовска од СОУ-Гимназија “Гоце Делчев”-Куманово освои бронзен медал. На овој натпревар учествуваа 330 ученици од 83 држави во светот. По тој повод денеска претседателката на Совет на Општина Куманово и секретарот на Општината остварија средба со наградената ученичка, менторот Лидија Тасевска-Стојковиќ и директорот на ова училиште Марија Тодоровска.