ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата “Општинско – корисна работа” на проектот „Инклузивна училница”
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и Договорот за соработка помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Куманово, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08.2022 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата “Општинско – корисна работа”
Проект „Инклузивна училница“
Се повикуваат сите евидентирани невработени лица, кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата “Општинско-корисна работа”, проект „Инклузивна училница” за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово.
Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку Програмата изнесува 9 месеци, во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време од 20 (дваесет) работни часа неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата “Општинско-корисна работа” се предвидува паричен надоместок во висина од 14.000 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата “Општинско-корисна работа” треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
- невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19
- долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
- млади лица до 29 години
- лица корисници на гарантирана минимална помош
- лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
- лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
- самохрани родители
- родители на деца со пречки во развојот
- родители на 3 и повеќе деца.
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
Работно место 1: Образовен асистент во средно образование со следниве работни задачи:
- Секојдневна помош и поддршка на ученикот при совладување на наставната содржина во координација со класниот раководител, предметните професори, стручната служба, како и семејството на крајниот корисник;
- Секојдневно мотивирање на ученикот за учење и социјализација, преку најразлични креативни методи и техники;
- Мотивирање на ученикот за вклучување во воннаставни активности;
- Изготвување на месечен извештај за следење на напредокот на ученикот и негово редовно доставување до општинскиот проектен координатор.
Позиции за работно местo- Oбразовен асистент во средно образование: 13 (тринаесет)
Потребни квалификации и занимања за Работно место 1: eмпатија, комуникативност, флексибилност, одговорност, толерантност, психичка стабилност, лицето да припаѓа на една од наведените целни групи, невработеното лице да е активен барател на работа во Центарот за вработување Куманово.
Лицето да има завршено високо образование од следниве занимања:
- Професор по одделенска настава;
- Професор по предметна настава;
- Педагог;
- Психолог;
- Дефектолог (Специјален едукатор и рехабилитатор за лица со попреченост);
- Социјален работник (во исклучителни случаи);
- Социолог (во исклучителни случаи) или слично.
Работно место 2: Личен асистент во образовен процес, со следниве работни задачи:
- Индивидуална помош и поддршка при движење во просторот на училиштето;
- Помош и поддршка при патување до и од образовната установа;
- Помош при задоволување на лични потреби;
- Помош и поддршка при социјализација;
- Изготвување на месечен извештај за реализираните активности со ученикот и негово редовно доставување до општинскиот проектен координатор.
Позиции за работно место – Личен асистент во образовен процес: 2 (две)
Потребни квалификации и занимања за Работно место 2: eмпатија, комуникативност, флексибилност, одговорност, толерантност, психичка стабилност, лицето да припаѓа на една од наведените целни групи, невработеното лице да е активен барател на работа во Центарот за вработување Куманово.
Лицето да има завршено средно или високо образование.
Заинтересираните невработени лица Пријави за учество во Програмата “Општинско-корисна работа”, проект „ Инклузивна училница“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово во периодот од 05.08.2022 година до 15.08.2022 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Куманово и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Куманово кај лицето Тања Стефановска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово кај лицето Благица Јовановиќ и ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа Куманово кај лицето Мирослава Илиевска.
ИНФОРМАЦИЈА ЗА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА
Програма “Општинско-корисна работа 2022”
Проект „Инклузивна училница“
Општина Куманово
„Инклузивна училница“ е проект со кој Општина Куманово аплицираше на Програмата “Општинско-корисна работа 2022”, која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2022 година. Програмата е финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, како и кофинансирана од страна на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, покрај задолжителните 20 % од месечниот износ на ангажираните лица со дополнителни средства во висина од по 5000 денари бруто по лице. На тој начин, вкупниот месечен бруто износ на ангажираните лица ќе изнесува 14 000 денари, во кој е вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Во проектот „ Инклузивна училница “ се опфатени 2 проектни идеи и тоа:
Првата проектна идеја се однесува на услугата Образовна асистенција на ученици со попреченост вклучени во редовното инклузивно средно образование. Во рамки на проектот ќе бидат ангажирани 13 (тринаесет) образовни асистенти, кои ќе им овозможат дополнителна помош и поддршка на учениците со попреченост во полесно совладување на наставната содржина, мотивација за учење и социјализација, како и вклучување во воннаставни активности заради остварување на вистинска инклузија во образовниот процес. Активностите ќе се спроведат во три општински средни училишта и тоа: СОУ „Перо Наков“- Куманово, ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“- Куманово и ОСТУ „Наце Буѓони“- Куманово, на 13 ученици со попреченост во паралелки на македонски и албански наставен јазик.
Втората проектна идеја се однесува на услугата Лична асистенција на ученици со физичка попреченост вклучени во редовното инклузивно средно образование. Во рамки на проектот ќе бидат ангажирани 2 (два) лични асистента, кои на учениците ќе им овозможат индивидуална помош и поддршка во образовната установа, како и на други места каде што се реализираат активности поврзани со образовниот процес. Активностите ќе бидат спроведувани во две општински средни училишта и тоа: СОУ Гимназија „Гоце Делчев“- Куманово и СОУ „Перо Наков“- Куманово, на двајца ученици со попреченост во паралелки на македонски и албански наставен јазик.
Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку Програмата изнесува 9 месеци, во кој влегува обуката и работниот ангажман со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, односно 4 часа дневно, статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
За да учествуваат во проектот невработените лица треба да ги исполнуваат критериумите наведени во Јавниот повик, кој ќе биде објавен во период од 05.08.2022 до 15.08.2022 година, како и да поднесат Пријави за учество во Агенција за вработување-Центар за вработување Куманово.
За следење на проектот, негова подготовка и реализација, формирана е Комисија од страна на градоначалникот на Општина Куманово, со Решение бр.08-4419/1 од 11.05.2022 година, во чиј состав се претставници на АВРСМ-Центар за вработување Куманово, ЈУМ Центар за социјална работа-Куманово, како и претставници од Општина Куманово – Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Куманово кај лицето Тања Стефановска, Општински проектен координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово кај лицето Благица Јовановиќ и ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа Куманово кај лицето Мирослава Илиевска.