Прва протоколарна посета на амбасадорот на Р Косово во РСМ Флоријан Ќехаја
Денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски оствари прва протоколарна средба со новоназначениот амбасадор на Р Косово во РСМ, Флоријан Ќехаја. Димитриевски ја потенцираше поддршката од своја страна за успешно исполнување на работната обврска на косовскиот амбасадор во земјава. На средбата беше заклучено дека односите помеѓу двете држави се на високо ниво, кое треба да се одржува преку соработка со поголем интензитет, отворен дијалог со меѓусебна поддршка и напорна работа, со цел успешно да се спроведат активности во сите општествени сфери.