Димитриевски на средба со претставници на Здружение за едукација“Влазниа”
Денеска градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски оствари средба со претставници на Здружението за едукација“Влазниа”-Куманово. На градоначалникот му беше доделена плакета во знак на благодарност за укажаната помош, поддршка, соработка и доверба од страна на Општина Куманово за реализираните културни настани на “Влазниа”, кои се дел од Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2022 година. Како локална самоуправа продолжуваме со поддршка на културни настани и манифестации, кои претставуваат вистинска слика на нашето културно творештво.