Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Претседателката на Совет на Општина Куманово на терен на Зелениот пазар меѓу индивидуалните земјоделски производители

По конструктивната средба со земјоделски производители, денеска претседателката на Совет на Општина Куманово заедно со директорот на ЈП“Пазаришта”-Куманово и претставници на инспекциските служби беа на терен на Зелениот пазар меѓу индивидуалните земјоделски производители, кои се сместени во центарот на Зелениот пазар, над чешмите. Од страна на производителите беше изразено задоволство од понудените услови на Зелениот пазар. Во разговорот, од двете страни, беше констатирана обостраната грижа за моменталната економска криза. Истовремено, денеска Ѓорѓиевска на средбата со новоназначениот началник на СВР Куманово потенцираше дека е неопходно почесто присуство на униформирани лица од СВР на Зелениот пазар, како и на јавно-прометни површини во градов, преку следење на актуелните состојби на спорните локации, со цел заштита на имотот и сигурноста на нашите граѓани. Согласно со обезбеденото соодветно место за продавачите на домашни производи и постојаната контрола на терен, ќе биде надминат овој долгогодишен проблем на расчистување на метежот пред Зелениот пазар.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст